More

    За 6 години СДСМ за 30,2% ја зголемил куповната моќ на граѓаните

    spot_img

    СДСМ се пофали дека во изминатите 6 години значително ја подобрил куповната моќ на граѓаните. Во периодот од мај 2017 година до мај 2023 година, „благодарение на економските политики на СДСМ реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за 30,2 отсто“.

    Во период на криза предизвикана од пандемијата, на која ѝ следеше најголемата економска и енергетска криза, кумулативно инфлацијата се зголеми за 29,1%, додека растот на просечната плата изнесуваше 59,3%“, што според СДСМ, значи дека „и покрај високиот ценовен притисок врз животниот стандард на граѓаните, куповната моќ е зголемена за 30,2 процентни поени“.

    Од мај 2011 до мај 2017 година, за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата кумулативно изнесувала 5,7 отсто, а растот на нето платата бил 9,2%, односно реалната куповна моќ на граѓаните се зголемила само за 3,5%, пресметал СДСМ.

    Партијата најавува дека инфлацијата ќе се намалува, а платите и пензиите ќе растат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img