За 24 минути регистрирани два земјотреси од 4.2 и 3.6 степени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 4.2 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван вечерва во 18 часот и 31 минута во источниот дел од земјата.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот е регистриран на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пограничното епицентрално подрачје Пехчево-Кресна.

24 минути подоцна е регистриран уште еден земјотрес во овој регион, овој пат со јачина од 3.6 степени и интензитет од IV степени на длабочина од 2 километри.

Инаку утринава беше регистран земјотрес во 6:36 часот и беше со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Share This Article