За 10 години се очекуваат инвестиции од 850 милиони евра и инвестиции

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата технолошко индустриска зона Скопје 3, ќе стане првата високотехнолошка зона која ќе се фокусира на напредни технологии и ќе функционира како Јавно приватно партнерство. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, на денешната презентација на студијата за изводливост изјави дека новата технолошко индустриска развојна зона ќе понуди нов концепт на работење.

– Целта е, а тоа го покажа и студијата, да генерираме инвестиции некаде над 850 милиони евра во наредните десет години и секако да донесеме компании или да развиваме компании коишто ќе се фокусираат исклучиво на високи технологии. Целта е не само да генерираме високо платени работни места за луѓето коишто ќе бидат таму ангажирани, а станува збор за некаде помеѓу 4.5 до 5.5 илјади млади луѓе коишто се очекува да бидат ангажирани во рамки на овие капацитети, туку да генерираме приходи за сите наши сограѓани преку уплатите во буџетот. Додадената вредност на самиот проект е тоа што треба да не движи напред -рече Деспотовски.

Тој додаде дека целта на новата технолошко индустриска развојна зона е на една површина од приближно 45 хектари во близина на главниот град паметно да се искористат ресурсите со коишто располага државата.

– Ние сме мала земја со ограничени ресурси. Капиталот не е ограничен ресурс, ограничен ресурс се луѓето и затоа преку вакви проекти отвораме можности за младите. Интелектуалниот потенцијал е она што може да ја движи државата напред. Ова е само вовед во големата приказна. Со овој концепт се отвора едно ново поглавје, односно нова приказна во економскиот развој на нашата држава, со исклучив фокус на високи напредни технологии -нагласи Деспотовски.

Тој ја нагласи и неопходноста од соработката со Академската заедница во реализација на овој проект како и поврзување со проектот за Научно технолошки парк кој започна во 2019 година со кој треба да се поттикне научно истражувачката дејност во служба на компаниите.

Договорот за Јавно приватно партнерство за оваа зона треба да биде реализиран во текот на 2023 година. Студијата за изводливост ќе биде поднесена до Владата по што ќе започне реализација на процесот.

Share This Article