More

    Вујко ја силувал, па ја убил 8-годишната внука во Романија

    spot_img

    „Извинете, бев пијан“, наводно биле првите зборови на вујкото на 8-годишното девочје Марија, чиешто тело ноќеска било пронајдено во атар на село во Ботошанско, Романија, објави српски Телеграф.

    Малата Марија ноќеска околу 20 часот отишла кај својот вујко да земе нешто, но не се вратила. По некое време, родителите ја испратиле сестрата на Марија кај нејзиниот вујко, која набргу се вратила и рекла дека „не ги нашла“.

    Родителите во паника тргнале во потрага по детето, а по еден час, кога не го нашле, ја алармирале полицијата.

    Телото на детето било пронајдено во текот на ноќта. Наводно било полуголо и крваво, а полицијата се посомневала дека Марија била и силувана, објави претходно српски Мондо.

    32-годишниот вујко, кој денеска бил уапсен под сомнение дека го силувал девојчето, а потоа го убил и го фрлил во грмушките, цела ноќ се криел од полицијата, а потоа конечно бил фатен недалеку од местото на злосторството.

    Полицијата го забележала во грмушките, а кога почнала да го покорува, тој почнал да бега. Биле испукани и предупредувачки истрели, по што осомничениот бил совладан.

    Според романските медиуми, осомничениот веднаш почнал „да го обвинува алкохолот за злосторството“.

    – Знаев дека ме барате, цела ноќ се криев во шумата. Ќе се предадам  – рекол осомничениот кој претходно го ловеле во високата трева зашто бегал и покрај испуканите истрели и наредби да запре.

    Веднаш бил приведен кај обвинителот каде наводно рекол дека „се жали за тоа што го направил под дејство на алкохол“.

    Се очекува да му биде одреден притвор.

    Оние кои го познаваат семејството се шокирани од сѐ што се случило.

    – Го знам тоа семејство многу добро, го познавам! Имаа малку конфликт, пиеше, знаеше да прави скандали, но вакво нешто никогаш не очекувавме – вели жител на селото кој учествувал во потрагата по девојчето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img