More

    Вучиќ во српско село кажа кој му е најважен

    spot_img

    Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го посети селото Памбуковица каде што, како што најави, ќе разговара со граѓаните. Неговата посета на селото се случува по изјавата на претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ, дека морал да го исклучи телефонот бидејќи му се јавиле селаните од Памбуковица и прашувале кога кај нив ќе дојде претседателот на Србија.

    Во селото го пречека полна трпеза со јагнешко и  свинско, а тој ги повика граѓаните да седнат на маса, а како што рече „не министрите“.

    Граѓаните го пречекаа со транспарент на кој пишува „Вучиќ и е најважен на Памбуковица“.

    Обраќајќи им се на граѓаните рече дека не случајно ја споменал Памбуковица. Како што објасни, „има такви притисоци врз нашата земја што сите живи почнаа да се мешаат и да размислуваат како треба да изгледа Србија и што ние треба да правиме“.

    – Од разни земји почнаа да ни ја средуваат земјата. Велат оваа свиња е ваква или онаква. До најмали  детали. И во тој момент реков дека не ми се важни ниту (Михаел) Рот, ниту (Андреас) Шидер, ниту (Штефан) Шенах, туку поважна ми е Памбуковица. Сакам да додадам дека секоја ваша куќа ми е поважна од сите, а кога ќе се грижам за интересите на Србија ќе ја имам на ум и Памбуковица и секое српско село – изјави Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img