Врз српскиот претседател Александар Вучиќ за малку ќе се срушеше рефлектор додека дава изјава. Српските медиуми информираа дека пред два дена по середбата во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон, додека дава изјава зад него се срушил еден од рефлекторите.
Звукот од ударот го прекина неговиот говор, а Вучиќ потоа праша дали некој сакал да се пошегува со него.
-За малку ќе ме удреше – рече Вучиќ и додаде дека не се ни помрднал.
Потоа се насмеа и праша дали некој можеби се пошегува со него.