Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, во пресрет на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија, дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој самит покажува дека струјата ќе биде се повеќе потребна.
Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки донесовме во изминатите децении, рече Вучиќ во Брисел.
Вучиќ на новинарите им рече дека Србија ќе мора да ги промени навиките, да донесе луѓе од странство, бидејќи нема доволно експерти, но ќе мора и да ги промени правните норми и да обезбеди значителни финансии за во иднина.
Едноставно кажано, без нуклеарна енергија нема да можеме да го преживееме доаѓањето на вештачката интелигенција или електричните автомобили, заклучи Вучиќ.