Вучиќ вели дека се гордее со саемот, Рама дека ова е проект на единство и на мир

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград изјави дека денеска е голем и посебен ден и дека на саемот нема човек кој не е насмеан, јави дописиникот на МИА од Белград.

Тој истакна дека има посетено многу европски саеми, но дека малку места во Европа го направиле тоа така добро како Отворен Балкан во Белград.

– Имаме многу да се гордееме и со она што го направивме, заедно покажавме не само дека можеме да бидеме дел од светот, туку дека можеме да се натпреваруваме во многу работи и да бидеме подобри во различни сфери на општествениот живот и во сите важни работи – нагласи Вучиќ.

Тој рече дека денеска се гледа колку е важна и отворена иницијативата Отворен Балкан.

Вучиќ истакна дека е задоволен затоа што, и покрај тоа што септември е тежок за винарите, на саемот во Белград се собраа винари од Србија, Северна Македонија, Албанија, Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и многу други земји.

Тој ги повика граѓаните на Белград и Србија од денеска попладне до недела да дојдат да ги вкусат најдобрите вина од регионот и светот.

– Денеска Белград и Отворениот Балкан се светска престолнина на виното, а гостите ги пречекуваме со отворено срце – нагласи Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Саемот за вино рече дека регионалната иницијатива Отворен Балкан е многу повеќе од економија и трговија, но и многу повеќе од политика.

– Отворениот Балкан е производ на мирот кој ќе биде одржлив, проект на единство во мир со визија за иднината, за ова мало соседство во срцето на Европа повеќе да не страда од остатоците од минатото, туку да стане место на иднината на нашите млади – рече Рама.

- Advertisement -
Ad image

Тој изјави дека решил да не го чита говорот што му бил напишан, а кој започнал со тоа што во Албанија првото вино го направиле уште во бронзеното време и истакна дека не знам колку е тоа точно, но дека знае дека изгубивме многу време во докажуваме кој бил најстар, кој прв направил нешто и кој полага право да живее овде.

Тој наведе дека сите научивме дека од овде никој нема да оди никаде на друго место, бидејќи ние ќе останеме овде и по многу векови.

– Нашиот избор е едноставен, како можеме да останеме на овој простор и да бидеме заедно во исто европско соседство обидувајќи се да го направиме помирно за нашите народи или можеме да фрламе камења едни на други и да се подметнуваме едни на други, како што тоа го правиме со години – рече албанскиот премиер.

- Advertisement -
Ad image

Рама изјави и дека саемот Винска визија на отворен Балкан е на високо европско ниво.

Повеќе од 350 компании од 39 земји закажаа 420 деловни средби во рамки на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, што трае до 4 септември.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Настанот ја собира винската елита, најеминентните винари, лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери, дистрибутери и трговци со вино и ќе го промовира Балканот како оригинална туристичка и географска дестинација и богатството на автохтони вински сорти.

Share This Article