„Ако е загрозена безбедноста на Москва, ви велам, тој нема да се двоуми и ќе употреби нуклеарно оружје. Прашањето е дали сме подготвени за тоа. Ние сме целосно неподготвени за тоа“.
Вака изјави српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи и се на јавноста. Тој рече дека е горд што на 1.000-тиот ден од војната во Украина Србија не подлегнала на притисоците да ги промени своите ставови и водела одговорна политика.
– Ова нè води кон светска катастрофа. Денеска со американски ракети беа нападнати магацини со руска муниција. Кој било следен чекор води кон војна. Затоа мислам дека никој нема да се воздржува од оружјето кое го има. Малкумина го знаат Путин како што јас го познавам.
Српскиот претседаел претходно зборуваше за несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица. Вучиќ реќе дека уште утре очекува нови оставки поради рушењето на натстрешницата на Железничката станица во градот. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека државата максимално ќе им помогне.