More

    Вучиќ вели дека прегласувањето во Србија нема да ги смени резултатите

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека в сабота, на 30 декември ќе се повторат изборите во неколку избирачки места, но оти речиси ништо не може да се смени, освен листата обединета околу Српската напредна партија (СНС) да добие уште еден мандат во српскиот парламент.

    – Никој друг не може да победи или загуби. А за нас, дали ќе имаме 129 или 130 мандати, право да ви кажам … – изјави Вучиќ на новинарите при обиколката на патот Бачки Брег – Српска Црња.

    Коментирајќи ги изјавите на лидерот на листата „Ние – гласот од народот“ на Бранимир Несторовиќ, дека движењето нема да учествува во коалиции за формирање градска власт во Белград, Вучиќ рече дека изјавите на политичарите не го интересираат и оти само сака изборниот процес да заврши.

    – И тогаш, ако нема мнозинство – нема мнозинство, ќе одиме на избори. Ако има мнозинство – има мнозинство. Што има јас да претпоставувам – рече Вучиќ.

    Зборувајќи за протестите пред градското собрание на Белград, тој тврди дека симпатизерите на опозицијата „три часа ја уништувале зградата и кршеле прозорци“, а потоа изјавиле дека тоа го направиле „уфрлени елементи“.

    Претставници од Брисел за Гласот на Америка изјавиле дека ЕУ смета дека правото на мирни демонстрации мора да се почитува, но насилството не е решение и е неприфатливо.

    „Акциите на полицијата мора да бидат соодветни и основните права мора да се почитуваат во рамките на владеењето на правото. ЕУ повикува на мир и дијалог“, се вели во нивниот одговор.

    Од Брисел не сакаа да одговорат на прашањето како ги коментираат обвинувањата на властите во Србија кон неименувани западни земји за предизвикување немири на протестите по изборите.

    Европската Унија повторно повика на „соодветна истрага за наводите за изборни нерегуларности“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img