More

    Вучиќ спомнал „одредени ограничувања“ за кои утре ќе зборува во Брисел

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека утре во Брисел очекува тешка средба во рамки на дијалогот Белград-Приштина, но дека Србија е посветена на мирот и стабилноста во регионот и дека во тој контекст е подготвен да се работи на концептот и спроведувањето на предложениот план со јасни одредени ограничувања.

    Тој ова го нагласил на телефонски разговор со специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, кој му рекол дека очекува утрешната средба да биде конструктивна, со забележителен напредок кон договор.

    Американскиот дипломат посочил дека САД целосно го поддржуваат предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека договорите потпишани претходно во процесот на дијалогот треба да се спроведат, што вклучува и формирање на Заедница на српски општини.

    Вучиќ и Шоле разговарале и за европската иднина на Србија, што САД ја поддржуваат, како и за значајните можности за развој на српско-американската соработка на различни полиња, особено на економската, се наведува во соопштението, пренесе Бета.

    Вчера, медиумите објавија дека косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека ќе го поддржи француско-германскиот план за Косово, исто така во разговор со Дерек Шоле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img