More

    Вучиќ се сретнал со рускиот претседател на самитот во Пекинг

    spot_img

    На крајот од посетата на Кина, рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција рече дека се сретнал на кратко и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

    – Тој исто така е загрижен за ситуацијата што се развива во регионот околу Србија. Ја споделуваме таа загриженост – рече Путин, без да даде детали.

    Вучиќ, сумирајќи ги своите впечатоци од самитот „Појас и пат“ во Кина, наведе дека имал голем број средби со државници од целиот свет. Тој рече дека со Путин имал краток разговор во Пекинг, но посочи дека немале билатерална средба.

    – Во Кина имав голем број билатерални средби и разговори со лидери, со рускиот претседател (Путин) разменив уште неколку зборови. Од премиерот на Тајланд, Лаос, на долг разговор со премиерот на Етиопија, Индонезија, Џоко Видодо, разговаравме за европски прашања со унгарскиот премиер Орбан, со кинескиот вицепремиер, со претседателот на Туркменистан -изјави Вучиќ за новинарите во Пекинг.

    Вучиќ рече дека забележал дека „Путин пука од самодоверба“, додавајќи дека имал важна и долга средба со претседателот на Кина Си Џинпинг и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

    Вучиќ посочи дека при посетата на Кина се потпишани рекорден број договори за соработка на Србија со таа земја, дури 18, и дека станува збор за документи кои предвидуваат стратешка соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img