Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата Србија се сретна со претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел Бермудез.
Претседателот на Куба беше свечено пречекан, со наредени гарда и црвен тепих.
Претседателите на двете земји присуствуваа на пленарната средба на двете делегации.
Во кубанската делегација се министерот за надворешни работи и водечки кубански дипломати.
Во српската делегација, покрај министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, се и министрите за внатрешна и надворешна трговија, за туризам и за земјоделство.
Србија, на инсистирање на Европската унија да ја усогласи својата визна политика со ЕУ, во април воведе визи за кубанските граѓани.
Дијаз-Канел Бермудез е на европска турнеја, за време на која веќе беше во Италија.