Претседателот на Србија им се обрати на медиумите по седницата на Советот за национална безбедност, која итно се одржа по писмото на Србите со Косово и Метохија, пишува Б92. Тие се жалат дека „режимот на Курти“ ги тера да ги пререгистрираат возилата кои ги имаат со неутралните таблици КС, во таблици РКС, што би значело Република Косово, нешто на што Белград негодува, а за кое западните земји бараат да биде привремено одложено.
Запрашан каква е пораката до Србите од Косово и Метохија, тој рече:
– Нема предавање. Ќе повторам. Нема предавање.
– Таков меѓународен акт не постои, но кому му е грижа – додаде Вучиќ, откако ја прочитал секоја точка од договорот потпишан меѓу Белград и Приштина, во согласност со заканата на Приштина да продолжи со таа акција, која го загрозува мирот и функционирањето на нашиот народ.
Вучиќ на лидерот на Српската листа му рекол дека Србија ќе се грижи за својот народ. Претходно, Ракиќ изјави дека Србите ќе ги блокираат граничните премини доколку биде спроведена насилна акција од косовската полиција.