Вучиќ се надева дека ќе се најде излез од кризата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ оцени дека денешната средба со „големата петорка“ била тешка, јави дописникот на МИА од Белград.

„Тешка средба со петорката. Верувам дека во наредниот период ќе најдеме излез од кризата. Очекувам важни средби во Брисел во наредните денови“ – истакна Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

 

На состанокот во Белград учествуваа специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, заменикот помошник државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, советниците за надворешна и безбедносна политика на претседателот на Франција и канцеларот на Германија, Емануел Бон и Јенс Плетнер и дипломатскиот советник на премиерот на Италија Франческо Тала.

Share This Article