Вучиќ се лути на регрутирањето Срби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Паравоената структура Вагнер сега командува со речиси 50.000 борци во Украина и станува клучна компонента на руската воена кампања во Украина – се вели во најновиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина што го објави Министерството за одбрана на Велика Британија.

Британското разузнавање понатаму вели дека сопственикот на Вагнер Евгениј Пригожин ја финансира организацијата со надуени владини договори доделени на неговите компании.

– Зголемената регрутација веројатно има за цел да ја максимизира комерцијалната добивка на Пригожин и дополнително да ја легитимира организацијата со повисок профил – се констатира во извештајот.

Во меѓувреме, руското видео за српски доброволци кои се обучуваат да се борат во Украина во платеничка група Вагнер предизвика гнев во Србија.

– Зошто вие од „Вагнер“ повикувате некого од Србија, кога знаете дека тоа е спротивно на нашите закони – изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ на национална телевизија.

Навестувајќи дека односи со Москва се сменувааат, претседателот Вучиќ рече дека Србија не само што е „неутрална“ во однос на војната во Украина, туку дека тој не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин „веќе многу месеци“.

Се чини дека бројот на вклучени српски регрути не е значителен. Српските судови осудија повеќе од дваесет лица за учество во „борби на странски борбени фронтови“. Во четвртокот, адвокат со седиште во Белград и антивоени групи поднесоа кривична пријава против рускиот амбасадор, како и против шефот на српската државна Безбедносна и информативна агенција (БИА) за наводно регрутирање Срби за групата Вагнер.

Share This Article