Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум изјави дека Србија е подготвена за купи одредени капацитети на пристаништата во Солун или Пиреја, бидејќи како што рече извозот ќе се зголемува.
– Србија сè повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиреја, дури и да купиме дел од пристаништето, одредени капацитети од 5 до10%. Имаме пари, тоа не е проблем. Треба да имаме побрз извоз во светот и разговаравме за тоа – рече Вучиќ.
Српскиот претседател смета дека со зголеменото производство на автомобили, со рудници, со железарници, ваквата инвестиција ќе ѝ биде потребна на Србија.
– Ќе се бориме за секоја грчка и српска компанија. Ќе треба да работиме повеќе и да се бориме за секоја грчка и српска компанија, да се бориме за наш влез на грчкиот пазар во различни области, но да привлечеме што повеќе грчки компании овде. Затоа побарав од премиерот (Киријакос) Мицотакис, иако знам дека се работи за пазарно работење, да побара од грчките финансиски институции, особено од грчките банки, повторно да покажат интерес за српскиот пазар, бидејќи Србија денес е поинаква – рече Вучиќ.