Српскиот претседател Александар Вучиќ објави како изгледа неговото сместување во Лозница, каде што престојува на шест дена за да „биде со народот“ во време кога главна тема во Србија е отворањето на рудник за литиум во западниот дел од земјата.
„Следните денови ќе ги поминам во Подриње. Сместувањето е исклучително за мене, но имаме многу важни задачи и работи што треба да ги направиме за нашите луѓе во овој дел на Србија“, напиша Вучиќ во објавата.
Тој претходно изјави дека ќе се „дружи со готвачите“ и дека за време на престојот во Западна Србија ќе „подготви нешто за војниците“.