Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Грaнада, Шпанија, денеска се сретнал со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со премиерот Димитар Ковачевски, непосредно пред почетокот на Третиот самит на Европската политичка заедница, а моментот го овековечи на Инстаграм.
„Кратка средба со пријателите Орбан и Ковачевски пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница, на која ќе се разговара за голем број важни теми за денешна Европа и, се надеваме, за Западен Балкан“, српскиот претседател покрај објавената фотографија на инстаграм-профилот „будуќностсрбијеав“, објави српскиот претседател на Фејсбук, споделувајќи фотографија од тројцата.