More

    Вучиќ нема да присуствува на самитот на БРИКС

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да присуствува на самитот на БРИКС во Казан, јавуваат српските медиуми. Тој вели дека не ја објавил својата одлука до денеска бидејќи сакал прво да го извести рускиот лидер Владимир Путин од кого ја добил поканата.

    Вучиќ најави дека четворица министри ќе ја претставуваат Србија на самитот.

    – Му реков дека и со тоа, и без сето ова, ќе биде тешко, но дека ќе испратиме делегација составена од четворица наши министри, составена од вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, министерката Братислава Гашиќ, министерката Адријана Месаровиќ и министерот Ненад Поповиќ.

    Тој вели дека веќе имал закажано средба со полскиот премиер Доналд Туск.

    – Веднаш кога ја добив поканата од претседателот Путин (за самитот на БРИКС), му кажав на рускиот амбасадор дека имам договор со Туск. Му кажав и на Путин дека доколку нема такви посети, тешко ќе дојдам од различни други причини – рече српскиот претседател.

    Вучиќ истакна дека Србија одамна ги донела одлуките за европскиот пат.

    – Тој пат трае од 2000 година, како и да го наречете. На луѓето им е преку глава од сè. Пред неколку дена видов што мислат луѓето во Србија, иако не знаат точно што значи БРИКС. Сакав да ги информирам граѓаните на Србија, реков дека во септември и октомври ќе разговарам со повеќе од 50 претседатели и премиери, а досега разговарав со 71. До крајот на октомври ќе има повеќе од 90  – рече српскиот лидер.

    Тој истакна дека со Путин разговарал за прославата на ослободувањето на Белград, како и за долгорочен гасен аранжман.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img