More

    Вучиќ не се плаши од насилници

    spot_img

    „Со денови сме изложени на брутални изливи на насилство кои ги спроведуваат одредени политички фактори кај нас со поддршка на т.н. групи на медиумски притисок и други групи на притисок. А, она што ни останува нам пристојните граѓани, не врзани за политичка ориентација во државата Србија, е да веруваме во работата на државните органи и да не преземаме никакви мерки за да покажеме на улица кој е поброен, а кој е посилен, или нешто слично“.

    Ова, на својот Инстаграм профил, го објави српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод блокадите и протестите на опозицијата во Нови Сад по повод истрагата за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад и денешните апсења на 11 лица.

    „Го трпиме сиот овој терор поради притисокот наводно да се забрза Обвинителството. Обвинителството овде одлучуваше сто пати побрзо отколку во најразвиените земји на ЕУ кога се случуваа слични работи. За таа одлука ќе зборувам вечерва во 17:20 часот на РТС. А дотогаш мојата клучна порака за сите граѓани на Србија е дека ќе ги победиме насилниците, дека ќе ги победиме на секое место. И со владеење на правото, на секои можни избори, ќе ја покажеме разликата меѓу нормална и пристојна Србија и Србија на насилници и дека воопшто не се плашиме од нив. Србија на храбрите, само затоа што молчи, не значи дека Србија стана кукавица, само значи дека се сака Србија многу повеќе од оние што би ја уништиле. Ќе отидам токму таму во таа телевизија, која ја сметам за една од најодговорните за поддршката, како на насилството, така и на секоја антидржавна идеја, и ќе им кажам се в лице, и за нивната работа и за сите групи на притисок“, додаде Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img