More

    Вучиќ не сака да го менува уставот за да остане претседател

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека ова е негов последен претседателски мандат.

    – Сакам да ви искажам голема благодарност што разбравте сѐ што се случи минатата година, не јас, туку што ја разбирате вашата земја. Има луѓе кои знаат дека земјата е поважна од лидерите и партиите – рече Вучиќ во своето годишно обраќање.

    Тој рече дека нема никаква потреба да ги лаже граѓаните, ниту да ги прикрива фактите.

    – Ова е мојот последен мандат. Нема да го менувам уставот. Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните и на секој човек во земјата, и тоа ќе го правам на најдобриот начин, и покрај тешките прилики со кои се соочуваме – рече Вучиќ.

    Тој изјави дека Србија има најниска стапка на невработеност досега од 8,9 отсто и дека привлекла 66 отсто од вкупните странски инвестиции во Западен Балкан, а бруто домашниот производ (БДП) лани изнесувал 60,3 милијарди евра.

    Зборувајќи за ситуацијата на Косово, српскиот претседател рече дека „се соочуваат со тешки предизвици во однос на Косово и Метохија и дека едвај ги зачувале мирот и стабилноста“.

    -Ние не испровоциравме никого, освен ако некој не го смета за провокација тоа што го почитуваме нашиот Устав и ги штитиме граѓаните. Не направивме ниту еден инцидент, ниту еден погрешен потег. Не можеме да им се спротивставиме на големите сили, ние сме мали, Германија, Америка и Европа се големи… Мали сме, но денес, како што стојат работите во светот, дури 106 земји не го признаваат Косово – рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img