More

    Вучиќ не дозволува да се преместува гробот на Маршалот

    spot_img

    Гробот на Јосип Броз Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето во Белград бидејќи Тито е дел од југословенската и српската историја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, реагирајќи на идејата на белградскиот градоначалник Александар Шапиќ, пренесе Политико.

    – Никогаш не сум бил љубител на комунистите и на комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја. Тој живеел овде, бил погребан тука и ќе остане дел од југословенската и српската историја – изјави Вучиќ во интервју за Политико, отфрлајќи ја идејата на градоначалникот на Белград и неговите сопартијци од владејачката Српска напредна партија.

    Првиот човек на Белград, избран по неодамнешните избори за кои опозицијата тврдеше дека се украдени, претходно оваа недела ја објави иницијативата за преместување на гробот на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија и гробовите на четворицата народни херои од Калемегдан, велејќи дека „еднаш засекогаш треба да се исчисти од болшевизмот и комунизмот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img