Претседателот на Србија синоќа во интервју на „Пинк ТВ“ објасни дека трите земји од иницијативата Отворен Балкан треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.
– Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да ѝ помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да ѝ помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас. Можеме да им помогнеме на сите со гас, во одредени денови со струја во Северна Македонија, едни со други можеме да си помагаме со храна – објасни Вучиќ на прашањето кој кому може да помогне во рамките на „Отворен Балкан“ доколку дојде до подлабока криза.
Според Вучиќ, Србија е во неофицијална вонредна состојба до март следната година. Тој додаде дека сите нѐ очекуваат тешки осум месеци.