Српскиот претседател Александар Вучиќ му го честитал изборот на Јаков Милатовиќ за нов претседател на Црна Гора, соопштија од кабинетот на претседателот.
„Ви ја честитам победата на претседателските избори, со верба дека ќе покажете цврста волја да обезбедите живот во мир и напредок за граѓаните на Црна Гора“, се вели во честитката.
Според информациите, Вучиќ му рекол на Милатовиќ дека во Србија секогаш ќе има доверлив партнер во развојот на политичкиот дијалог и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји, како и солидна поддршка за мирен и стабилен Балкан.
Да потсетиме, кандидатот за претседател на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ вчера убедливо го победи кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора.
Така Милатовиќ стана човекот кој стави крај на тридецениското владеење на Ѓукановиќ.
Милан Крстиќ и Деспот Ковачевиќ од Факултетот за политички науки за Н1 оценија дека односите меѓу Србија и Црна Гора се секогаш двонасочна улица.
Крстиќ истакна дека новоизбраниот претседател на Црна Гора Јаков Милатовиќ има добра платформа кога е во прашање таа тема.