Вучиќ конечно го обзнани ставот на Србија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ по седница на Советот за национална безбедност, вечерва изјави дека Србија е посветена на почитување на меѓународното право кое го гарантира правото на неповредливост на границите на Украина, дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на било која земја, вклучително и Украина и додаде дека Србија нема да воведе санкции против Русија водејќи се од своите национални интереси, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на прес конференцијата ги прочита заклучоците на Советот за национална безбедност кои ќе бидат упатени до Владата во наредните 48 часа, во кој се нагласува дека Србија искрено жали за се што се случува во Источна Европа и дека Русија и Украина ги смета за пријателски земји, а Русите и Украинците за братски народи.

Во заклучоците се нагласува дека еден од основните принципи на надворешната политика на Србија е почитувањето на територијалниот интегритет и дека Србија дава целосна поддршка за почитување на територијалниот интегритет на Украина.

„Србија е посветена на територијалниот интегритет и политичката независност на државите и смета дека е многу погрешно да се нарушува територијалниот интегритет на која било земја, вклучително и Украина“, стои во заклучоците што ги прочита Вучиќ.

Тој додаде дека Србија, кога ќе ја разгледува потребата од усвојување рестриктивни мерки или санкции, ќе се води исклучиво од заштитата на своите витални економски и политички интереси, почитувајќи ги традиционалните пријателства, не заборавајќи што се случувало во 1999 и 2015 година.

– Врз основа на нашето искуство, не е во витален политички и економски интерес на Србија да воведе санкции кон која било земја – посочи Вучиќ и предупреди дека ова се тешки денови за нас и за сите граѓани на Европа и светот.

– Имајќи го сето ова на ум, се обидовме да заземеме, не само заеднички, туку и единствен став за прашањето за кризата во Украина, за прашањето за нашите постапки и реакции – кажа тој.

– Србија е на европскиот пат, што е наша стратешка определба, но Србија нема да избрзува во непријателства бидејќи тоа од неа го бара некој друг – изјави Вучиќ.

Вучиќ истакна дека Србија била соочена со бројни противречности, безброј проблеми кои не можат јавно да се презентираат.

- Advertisement -
Ad image

– Бевме соочени со многубројни и нескриени притисоци. Но и покрај тоа донесовме одлука трезвено и со студена глава – порача срспкиот преседател.

Тој оцени дека деновиве имало толку многу лаги и дезинформации во медиумите во Србија и во регионот за прашањето за ставовите на Србија, за што се праша зошто некој толку многу сака да гледа во српскиот двор и да и наштети на Србија.

Тој посочи дека Србија поради можната криза во светот обезбедила се за земјата, од енергенти до храна, дека има доволно пченица и пченка за шест месеци, а купила 30 милиони килограми брашно.

- Advertisement -
Ad image

– Чекаме потврда за дополнителни количини млеко во прав, бидејќи го нема во светот, се обидуваме да договориме дополнителни количини со нашите кинески пријатели – изјави Вучиќ.

Share This Article