Сценариото со бојадисувањето на главниот плоштад во Скопје пд 2016 година нема да се случи во Србија, изјави српскиот лидер Александар Вучиќ обраќајќи се на денешениот безбедносен самит со африканските земји. Тој ги спореди настаните во Македонија со обоената револуција во Грузија.
Вучиќ изјави дека видел видеа од Грузија во кои 7-годишно дете пука кон полицијата.
– Кој го објави, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и Телеграм каналите. Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче? ?Мислите дека е генијално што ги обоија бекатон плочите што нема да можат да се исчистат? Најдете снимки од 2016 година, точно e истото сценарио во Северна Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Шефот и спонзорот секогаш беа исти, а жртви беа народите над кои правеа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни – изјави Вучиќ, пренесува Б92.
Српскиот лидер рече дека самитот е многу важен за Србија бидејќи Африка е најбрзо растечки континент.
– Ние негуваме традиционално пријателство кон африканските народи, тука нема расизам.
Тој изјави дека нема притисок од светот кој може да го скрши ова пријателство и дека верува дека Србија е најголем пријател на Африка во Европа.
– Нема никого да молам за ништо. Србија е втора земја по стапка на раст во Европа. За нас е важно во петок да го добијам знамето Експо кое ќе го гушнам и чувам, а кое ќе предадена на новиот претседател за две години и неколку месеци – рече Вучиќ.
Вучиќ го коментираше и неодаменшениот нападо врз каналото Ибар-Лепенец во Северно Косово велејќи дека „Курти организира демонстрации пред Кронехала, за да се знае кој го штити меѓународното право“.
– Србија е сериозна земја, затоа никого не обвинивме по експлозијата на каналот Ибар-Лепенац. Она што е неспорно е дека Белград и Србија немаат никаква врска со ова – изјави српскиот претседател и истакна е дека е битно истрагата да продолжи.