Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасната интерконекција Бугарија-Србија.
„Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.
Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.
Вучиќ изјави дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во планот.
Тој му се заблагодари на Радев за неговиот „напор заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни односи“.