Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека годинава ќе бидат завршени 167 километри автопати и експресни патишта, во вредност од две милијарди евра.
„Изградуваме 642 километри автопати, а годинава ќе бидат завршени 167 километри автопати и експресни патишта. Во тек е изградбата на 142 километри“, истакна Вучиќ при обиколката на работите на тунелот „Иришки венац“ на коридорот Фрушкогорск, за кој рече дека е најдолгиот тунел со две цевки на тој автопат.
Тој изјави дека должината на тој тунел е три и пол километри и дека ќе биде завршен во октомври.
Тој додаде дека ќе се „проба“ да го изгради панорамскиот пат Врдник – Ириг во должина од шест километри и најави довршување на патиштата во областа Рума (Доњи Петровци, Добринци, Буѓановци).
Најави и дека до крајот на јуни годинава или ќе се урнат или ќе се реконструираат сите „грди“ објекти до автопатот – пумпи, лоши тоалети…
Сето тоа треба да се исчисти, бидејќи Србија мора да има најчисто лице“, изјави Вучиќ.