Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во недела во 11 часот имал договорен разговор со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе се разговара за понатамошна соработка и нов договор за гас.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на работите на обиколницата кај Бубањ Поток, Вучиќ ги критикуваше претставниците на опозицијата велејќи дека се смееле и се радувале „кога лажеле дека нема да има разговори со Путин“.
Тој најави значајни посети на Србија од Европа и Русија во наредниот период.