More

    Вучевиќ: До крајот на 2023 година војската на Србија ќе го зголеми бројот на специјалци на 5.000

    spot_img

    Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ најави дека до крајот на 2023 година бројот на припадниците на специјалните единици на Војската на Србија ќе се зголеми од 1.500 на 5.000.

    Сакам да ја информирам јавноста во Србија дека синоќа началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ и јас добивме наредба од претседателот на Републиката, српските вооружени сили да го зголемат бројот на припадници на специјалните единици, односно оние кои ќе бидат специјално обучени во вооружените сили на Србија, од 1.500 до 5.000, стои во писмената изјава на Вучевиќ.

    Тие 5.000 војници ќе бидат подготвени да одговорат на сите предизвици со кои се соочува Србија, посочи Вучевиќ, соопшти Министерството за одбрана.

    Српската армија и Министерството за одбрана ќе ја исполнат таа задача и до крајот на 2023 година ќе имаме многукратно подобро платени припадници на тие специјални единици, уште подобро опремени, уште подобро обучени, така што тие секогаш ќе бидат на висина на задачата. штитејќи ја српската татковина, нагласи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img