More

    Второ погубување со азот во САД

    spot_img

    Во Соединетите Американски Држави е извршено второ погубување со употреба на азот, метод што американските и европските ветеринари го сметаа за неприфатлив за еутанизација на повеќето животни.

    Методот е применет кај Алан Милер (59), обвинет за убиство на 3 лица. Тој беше прогласен за мртов во четвртокот во 18:38 часот по локално време во затвор во јужна Алабама.

    Смртоносниот метод вклучува поставување маска за респиратор на лицето и пуштање чист азот, при што недостигот на кислород предизвикува смрт од задушување.
    Според изјавите на сведоците, последните зборови на Милер биле: „Не направив ништо за да бидам овде“ и „Не направив ништо за да бидам осуден на смрт“.

    Милер беше погубен поради убиство на тројца соработници во 1999 година – Ли Холдбрукс, Кристофер Скот Јенси и Тери Џарвис.

    – Вечерва конечно беше задоволена правдата за овие 3 жртви, неговите постапки не беа резултат на лудило, туку на чисто зло. Неговите грозоморни злосторства засекогаш променија три семејства и се молам тие да најдат утеха по сите овие години – рече гувернерката на Алабама, Кеј Ајви.

    Првата егзекуција со азот беше извршена во јануари, исто така во Алабама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img