Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари.
Од полицијата соопштија дека дрогата била наменета за Белгија.
Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во два камиони кои превезувале железо во Европа, преку чилеанското пристаниште на Пацификот.
Во јануари, боливиската полиција ја спроведе најголемата операција за борба против дрогата во земјата, заплени повеќе од 8 тони кокаин, исто така на границата со Чиле.
Боливија е еден од водечките светски производители на кока, суровата состојка што се користи за производство на кокаин. Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал забележа значителен пораст на испораките на дрога од „Јужниот конус“ на Јужна Америка, najчесто во Европа.