More

    Втор референдум за независност на Шкотска само со дозвола на британската влада

    spot_img

    Врховниот суд на Обединетото Кралство одлучи дека Шкотска не може да одржи втор референдум за независност без согласност на британската влада, јавува Би-Би-Си.

    Премиерката на Шкотска, Никола Старџен, сакаше референдумот да се одржи на 19 октомври следната година, но судот едногласно одлучи дека таа нема овластување да го спроведе, пишува Би-Би-Си.

    Судот го отфрли аргументот на Шкотска дека референдумот ќе биде советодавен и нема да има правно обврзувачки ефект за унијата на Шкотска и Англија,

    Претседателот на судот лорд Роберт Рид изјави дека референдумот предложен од шкотската влада ќе се однесува на прашање за кое може да одлучува само Парламентот на Велика Британија.

    Владите на Обединетото Кралство и на Шкотска ги презентираа своите аргументи пред судот во текот на два дена минатиот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img