Втор ден трае потрагата поо 12-годишната Аниса Ајро, ученичка во седмооделение. Нејзините родители се презагрижени. Таткото Енгин во очај раскажува дека последен пат ја видел вчера наутро пред работа кога таа заминала на училиште. Девојче од училиштето, две години постаро од Аниса ја повикало и оттогаш на Аниса ѝ се губи трагот.
На Фејсбук се шири апелот за помош, оставен е бројот 072 232 983 за пријава ако некој го види девојчето.
Родителите велат дека Аниса е повлечено девојче и дека немала тајни од фамилијата. Таа е висока околу 163 сантиметри и носи црна јакна и кафеави панталони.