Врвни македонски вина на преку 40 македонски винарии, деликатеси и богата музичка програма, ќе понуди годинешното 13. издание на Фестивалот на виното – „ВиноСкоп“, што ќе се одржува на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ од утре до сабота.
„Од среда до сабота на фестивалот ќе настапат: Пајак, Offchestra, Brass Brothers, Фолтин, Максимовски Јунајтед, Калата, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, Баклава, Дани Димтровска, Куку Леле, Алис ин Вондербенд, Љубојна, Дац и Александар и многу други изведувачи од различни музички жанрови“, најавуваат организаторите на „ВиноСкоп“.
На „ВиноСкоп” ќе има над 40 македонски винарии и гурманско катче, а влезот е бесплатен за сите посетители.