More

    Врвен воен командант на Хамас тврди дека нападите на 7 октомври со кои започна војната никогаш не биле наменети да ги таргетираат израелските цивили

    spot_img

    Врвен воен командант на Хамас тврди дека нападите на 7 октомври со кои започна војната никогаш не биле наменети да ги таргетираат израелските цивили, а дека водачите на групата „го смениле планот во последен момент“ со „вонредна интервенција“.

    Се работи за водач на баталјон на Хамас кој даде интервју за „Дејли Мејл“ во неделата. Тој води единица од 400 терористи. Командантот открива дека првичниот план бил за заложници да се земат израелски војници, а не обични граѓани.

    По смената на наредбата од страна на раководството, според него, следеле дивјачките силувања, мачења и убиства на повеќе од 1.400 жени, деца и мажи.

    – Јас сум еден од планерите (на 7 октомври) и не очекувавме дека ќе оди вака. Нашето раководство им зборуваше на нашите млади велејќи им одете, правете што сакате, земете што сакате … Гледате и посведочивте дека убивме бебиња – рече тој, говорејќи преку шифрираната апликација Телеграм минатата недела.

    Околу 240 Израелци беа земени како заложници. Според командантот тоа е затоа што шефот Јахја Синвар се однесувал како „тепач на улица“.

    – Ние да одиме таму во цивилни области, земајќи 250 заложници, не беше планирано. Тие се цивили. Нашиот план беше да земеме неколку (воени) заложници во замена за нашите затвореници – додава командантот.

    Тој тврди дека воените команданти на Хамас во Газа биле отсечени од политичкото раководство, а дека со врвот сега контактираат преку „гласници“. Тој се жали и дека шефот на Хамас Исамил Ханије и другите во врвот живеат во раскош во Катар и во Турција, додека војниците јадат само урми и маслиново масло.

    – Не знаеме во која насока да одиме понатаму. Не знаеме по кој пат да одиме – рече тој, тврдејќи дека неколку други команданти на Хамас сега го испрашуваат раководството.

    – Тие нè уништија.

    Во нападот на 7 октомври околу 70 борци на Хамас вооружени со митралези и гранати упаднаа во вообичаено тивкиот кибуц Кфар Аза во јужен Израел убивајќи мажи, жени и деца и земајќи заложници.

    Истиот ден беше извршен и масакр на музички фестивал „Нова“ во близина на границата на Појасот Газа. Повеќе од шест часа, илјадници посетители на фестивалот се криеја без помош од израелската армија додека милитантите на Хамас пукаа со автоматски пушки и фрлаа гранати.

    Терористите објавија и застрашувачки видеа на кои се гледа како вооружените напаѓачи ги влечат мајките и нивните мали деца кои врескаат кон камионите што чекаат пред да ги избркаат од нивните населби.

    Меѓу видеата беше и едно на кое се гледа како студентката Ноа Аргамини (25) вика „не ме убивај“ додека ја одвлекуваа од фестивалот „Нова“.

    Друга трагична жртва на фестивалот беше уметницата Шани Лук кој беше влечена на задниот дел од камион. По повеќе од три недели беше пронајдена коска од нејзиниот череп со што се потврди дека таа е мртва.

    Израелската манекенка Ноам Мазал Бен-Давид (27) беше принудена да се прави мртва два часа опкружена со куп трупови, откако нејзиниот партнер Дејвид Неман и десетици други биле застрелани од терористите пред нејзините очи.

    Таа брзо губела крв откако била застрелана во стапалото и колкот, но знаела дека мора да молчи за да остане жива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img