Србија попладнево ја погоди силно невреме кое предизвика застој во сообраќајот и метеж во повеќе региони.
Поројни врнежи од дожд и од град забележани се во Ваљево, околината на Уб и Лајковац.
На видеата кои доаѓаат од тој дел на Србија може да се забележат обилни врнежи од дожд. Силен град врнеше и во Пожаревац.
Сообраќајот е забавен, а возењето во јужните и западните делови на Србија е отежнато, иако интензитетот на врнежите се намалува. Од српскиот хидрометереолоши завод најавија дека до крајот на денот се очекуваат врнежи со грмежи.
=