Врховниот суд смета дека пресудата за случајот „Транспортер“ во која поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески доби затворска казна е законски изречена.
Аболицијата дадена од експретседателот Ѓорѓе Иванов, не ги опфаќа осудените за случајот „Транспортер“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП-КОК2 бр.6/23 со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, го отфрли како недозволено“, наведено е во соопштението на Врховен суд.