More

    Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска поднесена од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ. Со ова се потврдува решението на Апелациониот суд за продолжување на мерката притвор

    spot_img

    Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска поднесена од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ. Со ова се потврдува решението на Апелациониот суд за продолжување на мерката притвор.

    „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ. од Скопје, изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година“, соопштија од Врховниот суд.

    Претходно, на рочиште во Врховниот суд адвокатот на таткото изјави дека причина за жалбата е што одлуката на Апелација била во спротивност со Европската конвенција за човекови права и се пожали дека не е дадена ниту една индиција за одлуката за притвор.

    Таткото на Вања, Александар, изјави:– Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, а другото ми е тука. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img