Времето во последниот дел од годината ќе биде сончево со умерена облачност и тивко, со магла во котлините. По котлините ќе има појава на магла која околу пладневните часови ќе се намалува, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира – најавуваат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, а максималната дневна температура ќе биде од 9 до 14 степени.
Скопје и денеска ќе биде завиено во густа магла, особено во утринските и во вечерните часови. Околу пладне воздухот ќе се расчисти, но во вечерните часови и посебно во текот на ноќта повторно ќе се формира густа магла. Минималната температура ќе изнесува -2 степени, а максималната ќе достигне до 9 степени.