Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, температурите нагло ќе опаднат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, со над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер од над 70 километри на час.

Како што информираат денеска од УХМР, во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се внимава и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Share This Article