Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Температурата на некои места ќе надмине 40 степени. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност.
Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.