Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал 14 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне 18 степени.