Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне, претежно во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде до 38 степени.