More

    Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември со новата методологија изнесува 56.522 денари, доколку тука не се пресметуваат кирија и кредит

    spot_img

    Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември со новата методологија изнесува 56.522 денари, доколку тука не се пресметуваат кирија и кредит. Доколку и овој трошок влезе во пресметката сумата тогаш износот на кошничката се зголемува повеќе од  74.000 денари.

    Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница пресметана по старата методологија која за ноември изнесува 44.699 денари, новата номинално е зголемена за речиси 12.000 денари.

    Сојузот на синдикати денеска ја презентираше новата методологија на пресметка на синдикалната минимална кошница, која ќе претставува основа по која синдикатите од 2024 година ќе се залагаат за зголемување на платите на работниците.

    Новата методологија и пресметка ја изработија професорите и поранешни министри за финансии Никола Поповски и Драган Тевдовски.

    Во неа се опфатени основните потреби на семејство од двајца родители и две деца кои се ученици, а во структурата се додадени 4 нови ставки или сега вкупно содржи 11 ставки.

    Според новата методологија додадени се нови и исто така проширени се дел од артиклите што се одраз на реалната потреба на едно четиричлено семејство. Во делот за транспортот новина е автомобилот, кој е потреба на секое семејство за извршување на секојдневните активности.

    Исто така додадени се трошоците за образование, кај здравјето додадени се основните пакети за превентивни или најнеопходни здравствени услуги.

    Во делот ресторани и хотели додадено е дека семејството може да си дозволи два пати месечно консумирање храна од сендвичарница и да си дозволат еднаш годишно во јуни месец да одат на одмор во бунгалов во Дојран во траење од 7 дена.

    На презентацијата беше посочено дека потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошница е поскапа 21.324 денари поради трошоците за станарина, вода, струја и греење.

    Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека синдикалната минимална кошничка пред неколку години беше главен аргумент за зголемување на минималната плата за 2.806 денари, подоцна за 2.175 денари, како и според направените пресметки за 2.500 денари во март наредната година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img