Цената на Биткоинот достигна рекордно високо ниво од 94.000 долари, по извештаите дека медиумската компанија на Доналд Трамп е во преговори за купување на фирмата за трговија со крипто Bakkt.
Биткоинот ја зголеми повеќе од двојнот вредноста во текот на годинава. Последен пат беше на 92.104 долари, но се вивна на 94.078 долари кон крајот на претходната сесија
Фајненшл тајмс, цитирајќи две лица запознаени со ситуацијата, објави дека Трамп Медиа и Технолошка група, која управува со социјалната мрежа Truth Social, е блиску до целосно преземање на Bakkt која е поддржана од сопственикот на NYSE, Intercontinental Exchange (ICE. N).
Вредноста на криптовалутите драстично почна да расте од 5 ноември, кога трговците почнаа да се обложуваат дека Трамп ќе го поддржи дигиталното средство, што ќе доведе до помалку рестриктивна регулаторна рамка.
Пазарот на криптовалути во овој период порасна на повеќе од 3 трилиони долари.