Враќање на најсмртоносниот вирус за кој нема лек. Ова се симптомите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Африканската земја Гана потврди два смртни случаи од најсмртоносниот вирус во светот, кој убива 90 отсто од заразените, а за него нема лек.

Гана ги потврди првите два случаи на смртоносниот вирус Марбург, многу заразна болест предизвикана од вирус кој припаѓа на истата фамилија на вируси како и оној што предизвикува ебола.

Како што соопштија од болницата во јужниот регион Ашанти, двајцата заразени пациенти починале. Анализата на примерокот покажа дека се работи за вирусот Марбург, а тоа го потврди и тестирањето во Сенегал. Во моментов, 98 лица се во карантин поради сомневање за контакт со починатиот.

Вирусот се пренесува преку лилјаци
Не постои лек за Марбург вирусот, но лекарите велат дека пиењето многу вода и лекувањето на специфични симптоми може да ги зголеми шансите за преживување. Вирусот преминал на луѓето преку овошни лилјаци, а меѓу луѓето се пренесува преку телесни течности. Симптомите вклучуваат висока температура, главоболка, болки во мускулите, повраќање крв и крварење. Владините претставници ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од пештерите и да го готват месото добро пред да го консумираат, јавува Би-Би-Си.

Овошните лилјаци кои го пренеле вирусот на луѓето се познати и како „летечки лисици“, а нивниот распон на крилјата може да достигне 170 см. Нивното име доаѓа од фактот дека главно се хранат со овошје, а живеат во тропските области на Азија, Австралија, Источна Африка и на островите во Индискиот и Тихиот океан.

Во Африка, овој вирус претходно беше регистриран во Ангола, Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда. За прв пат се појави во градот Марбург во Германија во 1967 година, кога загинаа седум лица. Овој вирус беше најсмртоносниот во Ангола во 2005 година, каде од вирусот починаа повеќе од 200 луѓе, пренесува Дневник.хр.

Share This Article