Вработувања на странци, раст од 4%, праведни даноци

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Економски раст од 4%, странски инвестиции во иновации и за зелена транзиција, задолжителна практика во средното и високото образование, легализација на вработувања на имигранти, преку помени во образованието до квалификувана работна сила и намалување на невработеноста. Ова е содржано во новата Национална развојна стратегија 2024-2044 година усвоена од Собранието која постави високи таргети што треба да бидат цел на секоја владејачка гарнитура без разлика кој партиски „дрес“ го носи, пишува Порталб.мк.

Економијата ќе обезбедува раст од 4% 

Одржлив раст од 4% кој ќе го испорача економијата врз основа на нов модел – раст на продуктивноста, иновативноста, дигитализацијата и како резултат на „зелената транзиција“.

За да се постигне овој таргет капиталните расходи, просечно, на годишно ниво треба да изнесуваат 4,9% од БДП, странските директни инвестиции 3,7% а инвестициите на целиот приватен сектор околу 28% од БДП.

Овие амбициозни економски резултати треба да се испорачаат до 2028.

Во однос на економијата се поставуваат бројни цели – една од нив и легализација на вработувања на доселеници (странци, имигранти) од трети земји, како мерка со која ќе се амортизира дефицитот на работна сила во земјава.

„Ефективно управување и искористување на потенцијалот на надворешните миграции и обезбедување на регулирана интеграција на пазарот на труд“, се наведува во Стратегијата.

Ова треба да се спроведе до 2028 година, а ефектот од оваа мерка треба да биде раст на вработеноста во државава до над 53%.

Компаниите ќе добијат правна сигурност, но и праведно оданочување

„Подобрување на клучните сегменти на бизнис климата, спречување на корупцијата, неформалната економија и нелојалната конкуренција, фер регулација на бизнисите, праведен даночен систем, добро структурирана политика на привлекување на СДИ“, се посочува во стратегијата.

И ова, исто така, треба да се постигне и испорача до 2028 година.

- Advertisement -
Ad image

Државата ќе се насочи кон привлекување на странските иновативни и зелени инвестиции, а домашните ќе добија поддршка за да ја зголемат конкуренцијата.

„Поголемо учество на кредити за поддршка на зелениот раст и дигитализацијата, поголема употреба на европските фондови“, се вели во планот за спроведување на Стратегијата.

Се воведува задолжителна практична работа во образованието

Дефицитот од квалификувана работна сила, поради одлив на кадар во странство, но и поради сегашниот концепт на образование, е еден од проблемите на кои ќе се бара решение – токму преку образованието.

- Advertisement -
Ad image

Се предвидува законска регулатива за задолжителна практична настава не само во средното, туку и во високото образование со директна вклученост на приватниот сектор.

„Поголема застапеност и подобар квалитет на практиката, вклучување на бизнис-секторот во изготвувањето на наставните програми, поттикнувачки мерки за фирмите кои организираат практична настава и соодветни надоместоци за практикантите. Подобар квалитет на задолжителната практика на факултетите“, се вели во Стратегијата.

Со промените во образованието и на пазарот на труд се очекува да се постигнат повеќе цели:

  • стапката на невработеност на младите од 15 до 29 години да се спушти под 30%
  • стапката на невработеност да изнесува 10% од работната сила
  • учеството на неформално вработените во вкупниот број на вработени да се намали на 8%

Еден од таргетите е и рамномерниот регионален развој. До 2028-та просечно, средствата по овој основ треба да изнесуваат 1% од БДП а степенот на фискална децентрализација треба да изнесува 5% од БДП.

Share This Article