Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, објави Курир. Наводно, вработените паузата во текот на работните часови ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи сè уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сè со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија. Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври. Целта е вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

Според анонимниот извор за Курир, досега се обезбедени само 15 милиони денари, а недостасуваат 50 милиони за да се обезбеди плата за над 2.000 вработени низ целата земја.

Share This Article